речник контакт

Седум години затвор за убиство, заради згазено куче

Настанот се случи на 31 март 2009-тата во велешкото село Џидимирци, според обвинението мотив било тоа што Шукри ја прегазил кучката Саманта која била сопственост на Димчевски.

Петар Печков

Добре Димчевски (55  год) доби седум години затвор за убиството   на  бизнисменот Шукри Рамадани  (54 год) откако беше прогласен за виновен во Основниот суд во Велес.  Настанот се случи на 31 март  2009-тата  во велешкото село Џидимирци, според обвинението  мотив било  тоа што Шукри ја прегазил кучката Саманта која била сопственост на обвинетиот.

Убиениот бил пронајден  прекриен  со дрвја а до него било и телото на куче, кое не било расно, туку обично домашно. И тоа било слично сокриено.  Димчевски беше прогласен за виновен по изјава на неговиот брат  Драги пред истражен судија кога изјавил дека Добре му рекол ,, брат јас го свиткав, бидејќи го згази кучето,,  за потоа во судската постапка оваа изјава  да ја повлече со образложение дека била дадена под присила и со ќотек од полициските инспектори. Обвинителството сметаше дека има посредни докази, освен изјавата на братот Драги, приложи и  други.

Пронајдена е крв  на јакната од обвинетиот која била од животинско потекло од прегазеното куче, потоа во неговиот дом се најдени ножеви  со големина на острило  кое одговара на раните од убиениот,  на полиграфското вештачење  на прашањата поврзани со убиството на Рамадани,  Димчевски дава одговори со силен интензитет и видна возбуда а синот на починатиот Иса Рамадани кога го открил телото на татко си, го видел обвинетиот како се крие во близина, по што  се дал во бегство. Како доказ е  сведочењето на судскиот вештак, според кого убодните рани  врз починатиот биле нанесени од човек  со височина како обвинетиот, како и изјавите на сведоците кои критичниот ден ги виделе козите на Добре  подалеку од селото, но не и него во нивна близина – изјави обвинителката Славица Темелковски.

Обвинетиот се криеше шест месеци од полицијата и беше пронајден дури во октомври 2009-тата, период за кој не знаеја во сведочењето каде бил, ниту неговиот брат, ниту неговата мајка. Димчевски во завршниот збор рече дека убиениот Шукри ниту го познавал ниту во имал видено, па немал причина да го убие.  Неговиот бранителот  сметаше дека нема ниту еден материјален доказ за дој да биде прогласен за виновен.

Нема мотив за да се стори убиството и ниту една претпоставка на обвинителството н е е докажана. Не е пронајдено  средството со кој е извршено делото, потоа на мртвата кучка не е извршено никакво вештачење и со голо око се гледа дека таа не е прегазена, нема видливи траги од тркало.  Пронајдената крв на јакната може да биде и од кози или јариња кој Добре ги колел – изјави Жарко Бошковски адвокатот на обвинетиот.

По изрекувањето на пресудата Димчевски останува во притвор до правосилноста. Реконструкцијата открила дека Шукри заминал за Џидимирци, да ги посети работниците кои му граделе фарма на кози во селото, а по пат од забележал дека прегазил куче. Се симнал од возилото за да погледне што се случило. Тогаш налетал сопственикот на кучето Добре Димчевски, кој по кратка расправија извадил нож и со два убоди во срце, во слепоочницата и на левата надлактица  на лице место го усмртил Шукри, на кого не биле пронајдени одбранбени рани на рацете. За да го сокрие убиството, Добре телото на бизнисменот го сокрил во блискиот дол, каде била селската депонија а до него го  ја положил и кучето Саманта.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »