речник контакт

Седумдесет деца од Велес ги учат старите занаети (фото)

Голем интерес на најмладите од градот за грнчарство, копаничарство, столарија

Петар Печков

Седма  година по ред во Велес се одржуваат етно работилници, каде најмладите   ги учат тајните на старите  занаети.  Годинава  најмасовно, околу седумдесет  деца од основните училиште од повисоките одделенија секој работен  ден по четири часа  работат во совладувањето на    грнчарството, столарија, ткаење, плетење, создавање накит и од годинава копаничарство.  

Се работи во куќите  на уметноста, на Главинов –столарија, во Солеви –грнчарство, во Џинот накит, во Касапови копаничарство, ткаење и плетење. Со децата работат проверени мајстори на занаетите. 

Со столарија годинава работат  14  деца, некои доаѓаат и по втор  пат. Се работата саксии за цвеќе, украсени предмети з а  бижутерија. Децата се интересираат, покажуваат умешност , брзи. Се работи со фини инструменти, не со бор машини, стелити, така што нема место за стравување  од родителите   – вели    Тоше Коцев  столар. Се работи на чамово дрво, кое е лесно за обработка. Меѓу децата кои учат е и Трајче Мазнев, кој трета година доаѓа по ред на овие етно работилници.

Доаѓаме  наутро во 8, работиме до пладне. Интересно е, задоволство мие, наместо да бидам дома на компјутер, или да спијам – вели Мазнев кој од есен ќе биде ученик во 8 одделени во ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот.   Тања Таневска ги учи девојчињата на  рачна изработка на накит. Се изработуваат  обетки, белегзии, ланчиња, стегачи, украси за коса. Има присутни 23 посетители, кои работат на  кристали, пластични монистри, камчиња, ленти, конци. 

Тоа што ќе го изработиме сега, ќе биде прикажано на завршната изложба. За да видат родителите, што  и колку можат  нивните ќерки.  Потоа изработките завршуваат кај учесничките. Има голем интерес оти ова е привлечно за девојчињата и практично за употреба – вели Таневска.

 Мината година си поминав преубаво, научив  многу, но сакав и повеќе . Имав прекрасни изработки и интересно е тука,времето лета - додаде   Мартина Стаменкова од есен ученичка во  седмо во  ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот.

Сакав да докажам дека не само машките можат да бидат копаничари и овој  занает не е машки. Има уметност во него. Лани учев да ткаам сега со длетото да украсувам дрво – рече  Елена Лазова завршена седмоодделенка во ОУ Блаже Конески. Со неа има уште две девојчиња тоа  се Габриела Таневска  и  Тамара Митева.    Нив и останатите 20 деца  ги учи копаничарот Љубомир Бисин,  нивната едукација ќе трае 20 дена оти   тој е  потежок занает.

На етно работилниците има нови   деца, но и некои доаѓаат неколку години  по ред, оваа година е  седма како се одржуваат работилниците.  Тие финансиски се  поддржана од  Општина Велес. Младите ученици, децата од Велес имаат непосредна можност да се запознаат со старите занаети. Овој проект од големо значење за задржување на традициите и  обнова на подзаборавените  занаети. Учествуваат деца кои се талентирани, кои покажуваат  интерес и сами се   пријавуваат на  работилниците,  сакат да научат, се  преку  наставниците по ликовна уметност.   Самиот амбиент од куќите создава работна атмосфера која инспирира за работа    

Има деца кои доаѓаат по  3-4 години. Покажуваат големо знаење и од година в година  има  се повеќе девојчиња. Поради ова годинава поставивме два разбоја, за да има време сите да работат и ткаат. Помалку  ги влече плетењето  -   вели Вида Станчева.

Девојчињата изработуваат дипли, скутиња,фути. Меѓу 20-те девојчиња беше и Симона Трајкова која втора година  доаѓа тука.

Сакам да работам на разбој, да плетам. Лани тоа што го изработив,   килими,  торбички, стегачи и со гордост ги користам. Сите  кога  ќе ги видат се чудат дека јас сум ги сработиле објаснува   Трајкова која од есен ќе биде ученичка во прва година средно. Овој проект за етно работилници е организиран од здружението ,,Разбој,, додека копаничарската школа е преку Советот на млади на Општина Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »