речник контакт

Скопјанец кој превезувал мигранти, бегал по автопат пред полиција, уапсен кај Долни Дуќани

Лицето е задржано во полициска станица

Петар Печков

Расчистена е дилемата, зошто вчеравечер- понеделник, три полициски коли после 21ч. со голема брзина , по велешките улици се упатија на излезот од градот, во правец кон Градско.

Скопјанец кој превезувал мигранти, бегал по автопат  пред полиција и е уапсен во месноста Долни дуќани.  Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 26 февруари во 21.15 часот на улица „Димко Најдов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Е.(34 год) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Околу 21.10 часот на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање на возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој продолжил со движење и откако се исклучил на регионалниот пат застанал во близина на клучка Караслари.  Од возилото излегле неколку лица. Набргу, по преземени мерки, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, по што било пронајден возачот и возилото“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.  

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.  По целосно расчистување и документирање на случајот, против А.Е.  полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »