речник контакт

Скопјанка излетала со автомобил кај Пуста Кула и се бори за живот

Повредената имала политрауми и повреди на глава и била во без сознание

Петар Печков

Саботата наутро на делницата од автопатот Велес - Скопје, после наплатна рампа  Отовица, автомобил излетал а возачот се здобил со тешки телесни повреди. Во без сознание префрлен на Ургентен во Скопје.

„На 6 август околу 05.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес- Скопје, на место викано „Пуста кула“, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(38) од Скопје, излетало од коловозот“- соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.З. Неа прва помош и пружила екипа на Итната помош од Велес, која потоа ја префрлила хирургија при Општ Болница Велес.

„Околу 8 часот е донесено повредено лица во сообраќајка, кое било во безсознание. Истото имало политрауми и повреди на глава. Реанимирана е и препратена на Ургентен во Скопје“ - соопшти д- Елена Левкова Ќулумова, портпарола на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »