речник контакт

Сладоледијада за сладокусци

Учествуваа седум натпреварувачки а победи Катерина Клинчарова

Петар Печков

На Градскиот базен Снупи се одржа шестата по ред сладоледијада, во организација на граѓанското здружение ,,Креација 2009,,. Учествуваа седум натпреварувачки кои има петанесетина минути време да подготват креација од сладолед. За тоа имаа 200 литри, кои ги обезбеди спонзорот ,,Милино,,. Победи Катерина Клинчарова со ,,Летна идила,, пред  Зорица Перчинкова со ,,летно задоволство,, и Делфина Теова ,,Романтичен десерт,,. Се што тие подготвија беше консумирано од гостите на манифестацијата.

Целта на  манифестацијата е натпреварувачките да ја покажат нивната креативност во создавање на  декорација на сладолед. Ова е единствена таква во земјава.  Сладоледот во лето е најбараниот и најомилен десерт во светот, било каде – вели Рајна  Стојанова претседател на здружението ,,Креација 2009,, . Натпреварувачките имаат неограничено количество сладолед за користење, но ограничено време, поради опасноста тој да се стопи. Победничката доби наградно патување. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »