речник контакт

Снупи се исели, Сина сала затворена

Угостителството во Велес преживува, ниту питата пастрмалија не ги полни салите

Петар Печков

 Од почетокот на годинава Сината сала не работи а од средината на месецов и Снупи се исели од некогашен Амбасадор. Очигледно тешки времиња за угостителите.

Прометот е опаднат на третина од порано. Само преку викенд има посета и тоа повеќе млади, преку неделата е очајно лошо. Народот нема пари и секако крати  таму каде што не му треба – вели велешки угостител. 

Убавите времиња за кафанџиите се минато, така што ниту овој зимски период и питата  пастрмалија не може да ги пополнат масите во кафеаните, рестораните.

Парите ги давам за она што е неопходно, за живечка. Во кафена не сум бил одамна,заборавивме кога последен пат. Ако порано кога ќе ја земеме палтата се доаѓаше  таму на скара и ракија, сега тоа е минато. Само со пријателите го прераскажуваме за спомен на некое друго време. Сега се собираме дома – вели велешанец.

Во ваков однос на материјалните  можности, тогаш разбирливо е што се ретчат угостителските објекти во градот. Прв нога повлече пред три години кафетеријата Пармак.  Тогаш сопственикот јавно кажа дека поради слабиот промет го затвора објектот, кој беше на главната градска улица.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »