речник контакт

Со концерт на Тони Китановски трио започнува годинешниот Фестивал на античка драма Стоби

Утревечер, вторник, прва на програмата е претставата Антигона, поставка на гостите од Истанбул

Петар Печков

Со концертот на Тони  Китановски трио, утревечер (вторник) започнува  четиринаесеттото издание на Фестивалот на античка драм ,,Стоби 2015,,. Концертот ќе се одржи со почеток од 20ч. во големата сала на Велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, .  Веднаш потоа, во 22 часот на малата сцена ќе биде одиграна и првата претстава  од седумте во конкуренција, турската ,,Антигона,, на При Истанбулскиот универзитет  и театарот  Ц.В.  во режија на  Слаѓана Вујошевиќ која заедно настапува во оваа дуо драма со Никола Настоски. 

Се решивме на една новина, Фестивалот да започне со концерт и тоа на звучно име од музичката сцена Тони Китановски трио. Веднаш потоа е првото од трите гостувања, претставата ,,Антигона,, која се говори двојазично на турски и македонски, така што нема да има јазична бариера - најави Зоран Љутков, претседател на здружението ФАД ,,Стоби,, и директор на Фестивалот.

,,Антигона,, е алтернативна поставка на драмски текст  на Францускиот автор Жан Анули, кој на негов начин го адаптирал  текстот на Софокле, античката трагедија за Антигона. Дејствието во претставата е концентрирана на конфликтот помеѓу   Антигона и Креон,внука и вујко   или во овој текст еден граѓанин и еден крал, пишува во најавата за  претставата.

Година Фестивалот ан античка драма ,,Стоби,, ќе се одржи за прв пат во затворено, во новиот велешки театар, во нов термин, наместо во јули, во  септември, поради реновирањето на театарот во античкиот локалитет ,,Стоби,,.

Седумте претстави се натпреваруваат за статуетката ,,Антигона,, за претстава во целина, за режија и за машка и женска ролја.  Нив наградите ќе им бидат врачени на затворањето на 22 септември, кога во нивна чест ќе се одигра претставата на татарот домаќин  ,,кралот Иби,,. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »