речник контакт

Со сообраќајна несреќа загина адвокатот Никола Димов

Автомобилот излетал од патот во непознат термин, истрагата ќе открие кога се случила несреќата

Петар Печков

Во   сообраќајна несреќа на автопатот Неготино – Велес загина велешанецот  адвокат Никола Димов ( 51 год). Според полицијата во 6,15 часот минувач по автопатот ги информирал дека во ендек покрај сообраќајницата  има излетан автомобил.  Автомобилот марка ,,мазда,,  со велешки регистарски таблички  бил излетан  во близина на археолошки локалитет „Стоби“ , кај месноста  „Летиште“.

Со проверка на идентитетот на возачот било утврдено дека тоа е  сопственикот  Никола Димов (51) од Велес, кој бил единствениот патник во возилото. Тоа  од засега неутврдени причини излетало од коловозот, се превртело  а од каросеријата остана куп железо.

На лице место дошла Брза помош од Неготино, но кога стигнала возачот веќе бил починат. Не е познат терминот кога  автомобилот излетал од автопатот. Истрагата и обдукцијата ќе откријат кога се случила смртта.   Од здобиените повреди  Димов починал на лице место. Увид на лице место изврши Јавен обвинител до Кавадарци  и увидна екипа од СВР Велес. Телото на починатиот е предадено на фамилијата.

Никола Димов беше државен правобранител на подрачјето на Велес во периодот 2002-2006 година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »