речник контакт

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ денес се повлече од работата на Советот

ВМРО-ДПМНЕ: се случува политички прогон врз не истомисленици. СДСМ: ширите омраза и вршите притисок врз правосудните органи, времето на монтирани процеси на Груевски заврши

Петар Печков

Денешната шеста седница на Советот на  општина Велес, се одржува без опозицијата. Членовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија, најавија дека се повлекуваат од работата. Како и во неколку други градови во земјава и велешките советници од ВМРО-ДПМНЕ, протестираа за акцијата во која МВР уапси повеќе лица, кои имаат тешки и сериозни обвинување за тероризам.

Тие се поврзани со настаните од 27 април, кога  се случи крвавиот четврток и лидерот на тогашната опозиција Зоран Заев  и повеќе парламентарци, негови колеги беа тепани а лидерот на Алијансата на Албанците Зиладин  Села, едвај спаси жива глава.   

Во меѓувреме од последната седница на Советот на општина Велес, се случија процеси кои не се прифатливи за современа демократија, за држава која сака да гради демократско општество. Се    случи прогон, апсење на политички неистомисленици, се случи апсење на уметници, патриоти, поради тоа што учествуваа во протести кои имаа за цел, одбрана на  интегритетот, суверенитетот, на државноста на Република Македонија. под срамно обвинение за тероризам, и во притворот се држат чесни синови на Република Македонија.  Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ изразува силен и јасен протест против ваквите сталинистички методи во водењето на Република Македонија. Македонија ен памети вакви методи и во претходните режими. Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ја  изразува својата поддршка на лицата кои во моментов се политички прогонувани од власта. Затоа нема да учествуваме во работата на оваа седница.   Нашето молчење громогласно ќе одекне и ќе го слушнат тие што го спроведуваат политичкиот прогон и политички монтираните процеси со политичките не истомисленици ќе престане  - рече Александар Колев  координатор на советничка група ,, За подобра Македонија,,.  На ова реплицираше  претседателот на Советот Душко Петров, за кого овие зборови се  ширење омраза и се врши притисок врз правосудните органи. 

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ја злоупотреби говорницата на Советот за изнесување на политички ставови, кои воопшто не беа дневен ред на седницата, ниту пак се прашања со кои би се решиле дел од локалните проблеми на Велешани. ВМРО ДПМНЕ треба да знаат дека Советот на Општината е место за решавање на проблемите на граѓаните, а не партиска трибина и дека средствата што ќе ги добијат како надоместок за денешното нивно молчење и неучество по точките од дневниот ред, не ќе можат никако да ги оправдаат пред граѓаните на Општина Велес. Злоупотребувајќи ја говорницата за говори, кои се спротивни од дневниот ред, истовремено се обидуваат да извршат и притисок врз јавноста, судската власт и грубо го повредуваат правото на пресумпција на невиност. ВМРО ДПМНЕ треба да знаат дека времето на Груевски одамна заврши, одамна  завршија монтираните судења и притворања, одамна заврши вашиот  режим господа. Оставаме на правосудните органи на државата да одлучат дали групата која Ја поддржуваат советниците на ВМРО ДПМНЕ и на која јавно и даваат поддршка, извршила кривични дела за  кои се  товари. – рече на прес конференција  Весна Стојанова – Богоевска    координатор на советничката група  на коалицијата ,,Живот за сите,,. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »