речник контакт

Советот додели средства за опожарени куќи во Велес

Лани исплатени вкупно 395 илјади денари за помош, годинава за два месеци 350 илјади денари

Петар Печков

Три велешки семејства добија парична помош за нивните домови кои беа опожарени, во помал обем.  Севдие Дестанова, Лиза Стојанова  и Драган Илиев со одлука на Советот добија  по  15.000 денари за помош поради пожар на семејна куќа.

Љубица Малинова доби 10 илјади  денари како помош за меѓународниот натпревар за талентирани музичари во Тревизо – Италија.

Ланската година пак за помош поради опожарување Советот издвоил 155 илјади денари. Или  вкупно   394.000 денари  за  пожар, поплава, учество на велешки спортисти на  светски и европски првенства, ученичка олимпијада, за родена тројка, за спасување на давеник,  освојување на планински врв.На почетокот од годинава, градоначалникот и Советот за два месеци одвоија  заедно издвоија 350 илјади денари.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »