речник контакт

Сообраќајка кај Свилара, две лица се борат за живот

Автомобил со четиричлено семејство од Горно Врановци излетал од патот

Петар Печков

Попладнево околу 16ч. сообраќајна несреќа се случила во близина на крстосницата за Горно Оризари. Автомобил со велешки регистарски таблички излетал од патот и удрил во дрво. Две лица се борат за живот.

Според сведоците, во автомобилот било четиричлено семејство од Горно Врановци, татко со две деца и неговата мајка,  кое патувало од правец на Чашка  кон Велес. Први на помош дошле велешките пожарникари.

Интервениравме со две возила и петмина пожарникари. Од возилото извлечени се жена и дете и предадени на докторите на итната помош - информираше Љупчо Лепидовски, командир ан ТППЕ Велес.  

Околу 16ч. била побарана интервенција од Итната служба.

На терен беа испратени две екипи со две возила. На четирите повредени лица им е пружена неопходна помош и веднаш се префрлени во велешка Болница - изјави д-р Страхил Тодоров, портпарол на службата за Итна помош.

Повреденото семејство било згрижено на хируршкото одделение. Во овој момент по час и половина од несреќата првичните податоци ги сподели д-р сци Тодор Јаковлевски, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.  

Извршени се неопходните испитувања, две лица се во животно загрижувачка, во тешка  состојба и веднаш се префрлени на Клинички центар во Скопје. Едното од децата се подготвува за оперативен зафат а другото лице  е задржано на одделение- изјави  д-р Јаковлевски. 

Од СВР Велес нема првични информации за сообраќајката. Поради увид, сообраќајот кон и од Чашка е во застој.

фото:архива

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »