речник контакт

Сообраќајка на пат кон Богомила, скопјанец тешко повреден

Д.З. (49 год) со автомобилот излетал од патот

Петар Печков

МВР соопшти дека понеделникот, на Бадник утрото, автомобил излетал од патот  а возачот се здобил со тешки повреди.

На 6-ти јануари  околу 07.30 часот на регионалниот пат Богомила -Стари Град, во близина на крстосницата со регионалниот пат Велес- Извор, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(49) од Скопје, излетало од коловозот. Во незгодата со повреди се здобил Д.З. и бил пренесен во Општата болница Велес за укажување лекарска помош- информираа од МВР. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката. 

Од ЈЗУ Општа Болница Велес информираа дека на  повредениот му е дадена неопходната помош и од денес  е пуштен на домашно лекување.

Извршени се томографски снимања, констатирани скршеници на градна коска и ребра. Пациентот беше згрижен на ортопедија, до денес, среда кога е пуштен дома - изјави д-р сци. Тоше Јаковлев, портпарол на велешката Болница.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »