речник контакт

Сообраќајка пред театар и кај Кадрифаково

Повредени се три лица, едно потешко а двете со полесни повреди

Петар Печков

Полицијата информираше за две сообраќајки кои се случија во текот на вчерашниот ден. Едната  во која се судриле два автомобили ,,фолсваген голф,, е пред зградата на театар а втората кај Кадрифаково во која учестувале комбе и автомобил.

 Понеделникот  4-ти март  околу  9.30 часот, во Велес на улица „Благој Ѓорев“, кај театарот „Јордан Хаџи Константинов  – Џинот“ се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки  управувано од  Д.Л.(40) од Велес и патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки управуван од М.А.(22) од село Горно Оризари, велешко. Во незгодата е повреден сопатникот во првоспоменатото возило, кој по укажаната помош во Општата болница е пуштен на домашно лекување - информираше Верољуб Додески порптарол на СВР Велес. Извршен бил увид на местото на настанот по што ќе бидат познати причините за сообраќајката. 

Понеделникот 4-ти  март напладне,  во 13.45 часот било пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, на клучката кај село Кадрифаково, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Фиат Дукато“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(64) од Кочани и патничко возило „Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(66) од Скопје. Во незгодата возачот на возилото „Пежо“ се здобил со тешки телесни повреди,  а сопатничката од истото возило М.И.Х.Д.(66) се здобила со телесни повреди. Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничкиот центар во Штип, каде им била укажана лекарска помош - информираа од МВР. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »