речник контакт

Станици од селата грда слика на железницата

Запустени железнички станици со осамени патници, се секојдневие по дел од македонските пруги. Помалите станици се грда слика, каде малубројните патници немаат нормални услови за да го чекаат возот на МЖ.

Петар Печков

  Запустени железнички станици со осамени патници, се секојдневие по дел од  македонските пруги. Помалите станици се грда слика, каде малубројните патници немаат нормални услови за да го чекаат возот на МЖ. 

Повеќе личат на места на кои одамна не чекорел човек, отколку на место каде треба да се качат на возот кој ќе ги однесе на посакуваната дестинација. Патниците бараат подбори услови, железничарите објаснуваат нема  економски интерес за толку патници  да можат да ги обноват. На патните правци во велешко, кон Штип, кон Гевгелија и Прилеп, повеќето железнички станици  од малите места, се напуштени и пусти.

Условите се очајни, руинирана зграда, без кров, без вц, нема чекалница, нема клупа да седнеме. Пропаѓањето започна кога железницата го остави без персонал, откако го повлече. Сега ниту знаеме колку возот доцни, дали и ќе дојде, бидејќи има случаи кога не тргнал, па така чекаме. Во зимо кога денот е краток, во мрак стоиме со страв, со деца, во оваа пустелија. Кога врне со чадор сме, за да не накиснеме  – вели  Ениса Авдовиќ која со две мали деца  го чекаше возот за Прилеп на железничката станица Тополка, прва по Велес во правец за Битола. Иако до пред 25 години таа била гордост за мештаните од велешко Горно Оризари, кои ја користат, за жал денес таа е руина.

Била изградена од метал стакло,современа, супер модерна за тоа време  а изградена со помош на блиските тогашни  индустриски гиганти Порцеланка и Свилара. Во 2000-тата со замирањето на овие капацитети, замира и станицата, пропаѓаат тие, пропаѓа и станицата. Но сепак таа денес е излез кон светот за три  илјади жители од блиското село, за бројните роднини во прилепско или за студентите во Скопје. Приказната за станицата  Тополка е идентична и за останатите во земјава.

Во правец кон Богомила станиците Мартолци, Теово, Согле, Ореше со уништени згради. Кон Градско, станицата  Згрополци има уредена зграда, но Ногаевци нема. Кон Штип сите станици се посебна приказна. Ако саката да се симнете на  Кошулчеви  на станицата ве пречекува  бокс од лимарина кој претходно бил  засолниште на селското игралиште за делегатот од општинската  фудбалска лига. На станицата Јазла од  патничкиот вагон останати се само контурите. За патниците од овој дел, виновни за ваквата состојба,  се луѓето.

      Станицата Кошулчеви или селото Отовица имаше одлична зграда, но се напушти  и сега е гол камен и тула. Ја уништија луѓето, крадеа кој што ќе стигне, откако беше оставена. Слична е состојбата и со Јазла, каде за потребите на жителите на село Мамутчево  беше поставен современ патнички вагон. Од него прво го искрадоа металот и препродадоа, па дрвенаријата ја греење и сега е срамота да се гледа. Станицата Тошо Арсов,  која ја користат жителите на село Милино, има прекрасна зграда но и таа не на пат да се запусти, бидејќи е празна. Иста е судбината  и на станицата Овче Поле. Во Лозово нема ништо, само перон.  Мислам дека не само железница туку и локалната власт треба да помогне да се стори нешто за патниците. Има патници кои ја користат,  тие се жители на општината – вели патник од Лозово кој секојдневно патува до Велес и назад.

За познавачите на состојбите, излезот е станиците каде има згради кои се во добра состојба, да се изнајмат, како што има други бројни примери. Така ќе се удоми некое семејство, објектите ќе бидат сочувани а патниците ќе имаат кров над глава. Малиот обем на патници, нискиот приход што се остварува од овие станици, се причина што се запоставени и запустени. Резултатот е видлив, лоша состојба на станиците.  Од ЈП МЖ Инфраструктура   потврдуваат дека  поголемиот дел од станиците се   грда слика на железницата.

Приоритетен за нас е коридорот 10 Табановци – Гевгелија, кој носи економски профит. Планираме да ја обновите и пругата од Битола до Кременица, границата до Грција,  во должина од 16 км. Ова е трасата  10-Д, со што и таа ќе стана меѓународна. За овие две пруги имаме добиено средства од ИПА фондовите и со нив ќе се обноват пет до 8 железнички станици. Ова треба да заврши до 2014 година и тие ќе изгледаат европски. Меѓу другото на нив ќе се градат пристапни рампи за лицата со посебни потреби за да можат и тие да патуваат со железница – велат од ЈП МЖ- Инфраструктура.

Тие пред неколку години се обидоа да најдат решение, но безуспешно. Тогаш им беше понудено на месното население од помалите станици заеднички, железницата, населението и локалната власт да ги уредат објектите.

Реконструкцијата е скапа работа. Првично  оваа идеја беше одлично прифатена, но кога дојде да се реализира, работите сопреа, немаше таква желба кај населението како што се најавуваше. Железницата се повлече од станиците, бидејќи таму немаше толку патници, немаше економска покриеност, да се држат службеници. За неколкумина патници, не можеме да правиме таков трошок. Се е украдено и уништено од објектите, за што вината не е кај  нас – велат од ЈП Македонски Железници инфраструктура каде  по поделбата припаѓаат овие објекти.

 .
         Железничката станица,  Археолошки локалитет  Стоби има само долг перон, со  мала табла на кое напишано името и толку. Со ништо не може да се претпостави дека на десетина метри од станицата, се наоѓа едно  од поголемите  во Македонија.
 

   Железничката станица во Стари град има водоводен систем, кој го изградиле французите уште во средината на 30-тите години од минатиот век, кога е изградена пругата. Со него се полнеле парните локомотиви со вода а и денес локалното население резервоарот го користи за поливање  и снабдување на околните површини. Железничката во Градско пак изградена на крајот од 19-тиот век била така современа,  што имала подземни премини за доаѓање до пероните. Функционирале се до средината на минатиот век а сега  премините се покриени со лимени плочи

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »