речник контакт

Старецот и галапчињата

Богдан секојдневно ги храни галапчињата, во Малиот парк

Петар Печков

95 годишниот Богдан Тошевски секој ден, наутро и напладне е во Малото паркче, кај Ликовниот салон.  Рано наутро од 7 до 8 и напладне од 13 до 14 часот тој е тука, без оглед на времето, за да ги нахрани галапчињата кои живеат во околината. Нивното пријателство трае неколку години. 

  Ги има седум, како кутриња се. Кога ќе ме видат се радуваат.  Си скратувам од моето, за да им купам леб и им дадам да јадат. Многу се интересни, задоволство е да се гледаат. Машките ги напаѓаат женките, тие сакат први да јадат, не им дозволуваат, додека не се најдат. Што ќе остане женските галапчиња го дојадуваат  - вели Богдан. Тој и покрај годините секојдневно е тука. И додава дека ќе доаѓа се додека го служи здравјето, без огледна времето, дожд, сонце, снег.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »