речник контакт

Сточар паднал од карпа кај Тополка и починал

Полицијата спречи и обид да се пуштат во промет 15 илјади цигари на црно.

Петар Печков

       Во саботата вечер  велешката полиција  открила  без малку 15 илјади цигари  во обид тие да се пуштат нелегално во промет, без платени давачки.  Во саботата вечер  во 20,10 часот,  на место викано „Радушка река“, во општина Чашка при обид да биде  запрено возило комбе „Рено Трафик“, возачот се дал во бегство, а сопатникот И. Х. (21) од Косово фатен.

При преглед во возилото се  пронајдени 14.640 кутии разни видови цигари - Марлборо, Давидов, Бос, Данхил, Лаки Страјк, Вест, Винстон, Кент. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.     

Во петокот вечер пронајдено е безживотно тело на старец за кој се сомнева дека паднал од карпите и починал. На местото „Плочите“,.  близина на реката „Тополка“,  бил пронајден починат Димчо Х. ( 70 год) , кој на први овој месец исчезнал. Во вечерните часови на први мај  овците кои ги напасувал Димчо сами се вратиле, по што започнала потрага.

Неговото тело е пронајдено на трети и полицијата се сомнева дека тој паднал од карпа висока околу 25-30 метри. Од страна на лекар над починатиот извршен е преглед, при што е утврдено дека смртта настапила како последица на повредите здобиени при паѓањето.

Проблемот што жителите на населба Превалец го посочуваат е што ќе се случи  и кој сега ќе се грижи со двете деца на починатиот Димо, кои се лица со посебни потреби, бдиејќи неговата сопруга и мајка на децата била почината.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »