речник контакт

Судот пресуди Жуќо не го уби Бајро

Обвниетиот Куртагиќ, ослобoден од обвивиние дека го убил другар му Ибрахимовиќ

Петар Печков

Основниот суд од Велес  пресуди дека Адис Куртагиќ не е виновен за убиството  на другар му Бајро Ибрахимовиќ.   По  18 месеци минати во притвор, под обвниение дека го убил другарот,  Адис  Куртагиќ од денес е пуштен на слобода. Основниот   суд во Велес, со првостепена пресуда,   одлучи дека Адис Куртагиќ (34 год) од велешко Горно Оризари, не го сторил  убиството  над соселанецот и другар   Бајро Ибрахимовиќ (33 год).    Пресудата  не е правосилна.  

Обвинетиот се ослободува од вина.  Обвинителството не докажа  дека  тој го сторил делото - кратко образложи судијата Шефчет Адеми, кој претседаваше со кривичниот совет.  При напуштање на салата а откако ја слушна пресудата, Куртагиќ радосно рече дека  е задоволен.

 Според обвинението  Ибрахимовиќ е убиен на 24 март 2014 година, во напуштена куќа во близина на  Бензинската пумпа на влезот во Велес, во терминот од 21 до 22,15ч.   Сторителот сурово и безмилосно го застрелал Бајро со еден куршум во тилот, од пиштол   од непозната марка   со калибар 7,65 мм. Во џебовите на убиениот  биле пронајдени бели медицински ракавици и спреј за онеспособување.  Телото на починатиот беше пронајдено две седмици подоцна, на 11 април, од деца кои собирала полжави во тој предел, откако 25 дена се трагаше по него и се водеше како исчезнат.

Последен пат  некој разговарал  со убиениот Бајро  телефонски во 20,59 ч. Повикот е реализиран преку базна станица  на улица Солунска, која го покрива критичното  место каде на 11 април е  пронајден мртов Барјам.  Од истата базна станица подоцна обвинетиот има направено телефонски разговор со сопругата. Дилема е зошто следните денови Адис  не го барал, а до тогаш секојдневно постојано се слушале. Прашање е како телефонскиот апарат ,,алкател,, сопственост на Ибрахимовиќ, неколку месеци подоцна се појавува  во телефонски сообраќај користен од сорпугата на обвинетиот   - кажа во завршниот збор обвинителката Станинова.

Бранителот  на обвинетиот а сега ослободен Куртагиќ, рече дека нема да  коментира судски одлуки. Во завршиниот збор тој потенцира дека докази нема.

Ваквото обвинение не смее да помине, каде против  обвинетиот нема ниту  материјален, ниту вербален доказ.  Со ништо не се докажа дека Куртагиќ го сторил убиството. Полиграфаското вештачење, кое се барало а  Адис го одбил,  не е доказ во постапката - изјави тогаш адвокатот Стојанов.    

Вехбо Ибрахимовиќ, чичко на застреланиот,  како сведок во проицесот уште пред една година    јавно   изрази сомневање дека обвинетиот го сторил делото, но дека тој  знае кој е сторителот.

Бајро и Жуќо беа толку блиски пријатели, неразделни така што не верувам дека тој го убил внукот. Но бил присутен кога се случило и знае кој е сторителот. Цело село знае кој е убиецот, но никој на сака јавно да зборува, ги страв, се плашат - рече  тогаш Вехбо.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »