речник контакт

Татко убиство во селото Иванковци ( обновено)

Синот го убил таткото со ловечка пушка поради нетрпеливост. Имало обид убиството да се прикрие

Петар Печков

Нетрпеливоста кон таткото кулминирала вечера утро па синот на спиење го застрелал родителот и наместо прошка  на големиот верски празник Прочка, детето го убива татко си.   Ова се случи во велешкото село Иванковци, каде и претходните години се регистрирани два случаи на татко убиство. Со директен истрел во срцето смртно бил погоден Санде Тасевски (60 год) а полицијата за ова го осомничи неговиот син С.Т. ( 30 год). Повеќе моменти од настанот откриваат дека убиството сакало д а се прикрие а на местото на чинот немало ниту капка крв.

Осомничениот раскажувал во селото дека неговиот татко го нашол починат во постела. И додека тој ја ширел оваа информација во полицијата и велешката брза помош стигнувале телефонски повиси дека не е се чисто.  Од увидот е констатирано дека нема ниту капка крв околу местото на старецот. Поради ова на лице место е дојден патолог кој констатирал дека има влезна рана а обдукцијата покажала дека починатото лице е застрелано – изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.

Според нивната реконструкција убиството се случило во неделата  5 часот наутро, откако Санде бил в кревет, неговиот син дошол и го застрелал во левата страна од градниот кош. Тоа го сторил со ловечка пушка марка ИЖ 58 и два патрона. И пушката и патроните биле пронајдени во куќата а биле сопственост на старецот.  Клопчето почнало да се одмотува откако дошла сестрата на починатиот С.П. од Свети Николе која започнала да го подготвува за погреб. Нејзе и била сомнителна раната на градите, иако внукот тврдел дека татко му починал од природна смрт. Таа повикала и Брза помош а за настанот била известен и полицијата.  Во селото Ивнковци, каде живеат околу илјади жители, чудење и неверување дека им се повторува ваков настан, татко убиство.

Синот беше проблематично дете. Не со нас селаните, туку со татко си. Едниот брат поради него се исели од куќата. И тие двајцата живееја одвоено, синот на горниот спрат, таткото на долниот. Често се случуваше да го малтретира, да му бара пари. И еве наместо на прочка да му побра прошка, тој го убил. А Санде беше домаќин човек  – велат соседите.

Куќата на Тасевски е во центарот на селото но и покрај тоа никој во комшиите не ги слушнал истрелите тоа утро. Во полицијата пак С.Т. се бранел дека татко му го малтретирал, лошо се однесувал кон него, често биле во кавга и скарани но вина на Санде. Против С.Т. е поднесена кривична пријава за убиство а истражен судија му одреди мерка притвор од 30 дена.
 
Ова е трето  убиство  во селото  Иванковци на син врз татко изминатите години.  Во  декември 2008-та син со удар  од секира во глава го усмрти таткото. За тоа Роберт Николовски доби 13 години затвор. Пред десет години во истото село Иванковци се случи идентично убиство, син го уби татко си поради тоа што тој ја малтретирал сопругата, односно мајка, му а судот за ова дело го ослободи од вина.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »