речник контакт

Тепаните полицајци посочуваат со прст, обвинетите негираат дека се тепачите

Започна судењето од тепачката на матурската забава, кога тројца полицајци беа нападнати на службена должност

Петар Печков

Во Основниот суд во Велес започна судењето на петтемина млади велешани, кои се товарат за кривичното дело за „напад над службено лице при вршење на работи од безбедноста“. 

Според обвинието на 28-ми мај еден час по полноќ петтемина младинци нападнале полицајци додека тие биле на интервенција за заштита на јавниот ред и  мир, оти од просторот кој бил најмен се слушала гласна музика, за што реагирале соседите.

Обвинетите негираат дека тие се сторители, не се сеќаваат кој ги удрил полицајците, но помат дека службените лица биле арогантни  и  груби. Полицјаците пак со прст вперен во обвиентите посочија кој го  удрил полицаецот со тупаница и му ја скинал аркадата, кој  друг  удрил со чаша в чело службено лице, и кој мавал со  метална столица по нив.

 Изјави на обвинетите

Александар Костовски ( 19 год).
 
Полицајците беа тие што  нас не тепаа со пендреци. Кога дојдоа не  кажаа зошто се додјени, ниту се легитимираа.  Не видов кој ги удри полицајците оти беше темно, но видов дека беа повредени и им течеше крв од главата.

Стојан Лазаревски (23 год)

Полицајците кога влегоа во просторијата беа некоректни, груби,  ниту се легитимираа, само побараа да се намали музиката, викаа по сите нас. Почнаа да го влечат братми за ракав, јас реагирав и го повлеков од кај нив. Не фрлив стол, туку само го турнав по земја и никого не доведов во опасност. Не знам кој ги повреди полицајците. Отидовме да славиме матура а не да напаѓаме некого.  Не видов ниту крв и повреден полицаец, ниту дека некој фрли чаша кон полицаецот.  Полицаецот Тумбов влезе преку прозор, кој тој го скрши може тогаш се повредил.
 
Никола Лазаревски ( 19 год)

 Не направив ништо таа вечер, не го удрив полицаецот Марјан по глава. Напротив тргнав да се поздравам а тие почнаа да ме тепаат. Надвор ме удија во стомак, ме врзаа и однесоа во станица.  Кога влегоа ниту  се обратија, ниту кажаа зошто се дојдени, не ме легитимираа, ниту го навредив полицаецот. Тој влезе преку прозор кој го скрши и имаше повреди, имаше крв на главата.

Жарко Здравковски (19год)
 
Не го удрив полицаецот со чаша, не удрив воопшто никого. Ниту знам кој го удри, не видов ниту кој удри со столот и не видов дека некој нападнал полицаец. Полицајците не разговараа со мене, туку побараа да излезам од просторијата што и го сторив

Стефан Марков ( 18 год)
 
Не нападнав никого, имаше голема гужва во просторијата, беше темно и не се гледаше. Видов дека полицецот Тумбов е повреден и му течеше крв од главата, над окото, но не знам кој го удри. Кога излеговме од просторијата, надвор  полцијаците не тепаа.
 
Оштетените полицјаци го кажаа следното:
 Георги Тумбов полицаец


Имавме пријава за гласна музика во просторија во Трговскиот центар. Заедно со колегата се упативме таму. Уште не влегување викааа по нас,, кучиња, џандари, уа,, беа агресивни.  Никој не носеше лична карта а на прашањето кој е организатор сите се пријавија и почнаа да се туркаат околу нас. Да не влечат за ракав. Видов кога Никола ме  удри со тупаница. Видов и кога Жаре со чаша го удри Мирван во чело. Стојанче пак зема метално барско столче и фрли по колегата Бране. Среќа што го промаши.
 
Марјан Георгиевски полицаец
 
Кога дојдовме имаше голема гужва, децата беа во алкохолизрана состојба, безобразни, дрски. Не видов кој ме удри, ама за една минута добив триесетина удари во глава. Едни ме држеа за раце, други ме маваа. За да се одбранам ја извадив палката и  удрив пет шест пати. Видов дека имаше фрлено столче,  од Стојан по колегата Бране, но среќна околност е што беше наведнат па не го удри и Жаре со чаша го удри Мирфан во чело.

 Мирфан Вејселовиќ полицаец

 Кога дојдовме по повик видовме крајно агресивна толпа. Видов дека Жарко ме удри со стаклена чаша в чело. Ме однесоа во Болница на шиење. Нека им служи на чест на сите петмина за ова што го направија.
 
 Марјан Ничовски полицаец

 Дојдов по повик проади напад над колегите. Се обидовме да ги смириме, но присутните беа многу агресивни.  Жарко со чаша го удри колегата в глава. Стојанче  го крена в раце  барско метално столче и се обиде  да го удри колегата, но го промаши. Беше употребена физичка сила за да се спречи групата, оти  тие беа многу агресивни.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »