речник контакт

Термоизолациони фасади за градинките во Велес, со пари од ЕУ

Вредноста на проектот околу 100 илјади евра

Петар Печков

Петте клона  од Детските градинки в о Велес, добија нова термо фасада, проект  кој се реализираше со пари од  ЕУ. Се постави термоизолација на вкупна површина од 2826 метри за  пет објекти. Проектот „Енерџинет“ е  меѓуграничен, помеѓу  пет градови од  Македонија  и  Грција.

Овој  проект допира  многу важни  прашања на  ЕУ а  тоа е  зачувување  на  животната средина, поефикасно  користење  на  енергијата и создавање  на подобри  услови за  престој на   околу илјада  децата. До 2020-та година обврска е  да   се  намали  користењето на  енергијата за 20 отсто,   -  изјави евроамбасадорот  Самуел  Жбогар, кој  присуствуваше на завршувањето на овој проект.  

Изведбата на објектите  ја изврши фирмата „Изгрев Инжинеринг“ од  Велес.   Останува да се уреди  уште една  зграда од градинките, во месноста Дворови,  која  не беше  опфатена со  овој   проект.  За неа обврската  да ја обнови фасадата,    ја  презема  локалната власт.   

Со  завршувањето на  овој проект, нашата градинска станува модерен  објект , градинка во која  важат принципите на енергетска ефикасност. Добиваме заштеда во функционирањето,   а заштедените средства  ќе ги пренамениме во  корисна намена, во интерес на децата – порача Анида Цецева, директорка на ЈЗУ Детски градинки ,,Димче Мирчев,,.  

Во грaдинките во Велес се згрижени 1,2 илјади деца. Поставувањето на  термоизолациона фасада  е  проект  поддржан од ЕУ, во  вредност од 82 илјади евра, додека Општина Велес одвои 23 илјади евра. Проектот „Енерџинет“  е   во вкупна висина  е без малку 800 илјади евра од кои 260 илјади се наменети за македонската страна.  

Во него се  вклучени  и градовите  Прилеп од  Македонија и  од Грција  Ираклиа и Визалтија, секој со свои  проекти. Проектот за Велес,  беше потпишан во октомври мината година а изведбата започна во месец   мај. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »