речник контакт

Трагедија во Црна Гора, загина велешанец во Бијела

Злате К. загина додека работел на ремонт на брод

Петар Печков

Според црногорските медиуми кои известуваат за настанот несреќата е случила  во неделата попладне во 14,30 часот. Злате К.  (36год)  работел во изградба на бродови кога се случил инцидентот.  Според неофицијалните податоци, нашинецот бил ангажиран од кооперантска фирма која има претставништво во Црна Гора. 

Велешанецот работел на водено пескарење на бродот. Во еден момент со хидрауличниот апарат, кој работел под висок притисок, си ја пресекол аортата. Поради обилното крварење К.З. починал на пат кон болница.  Полицијата и истражен судија извршиле увид, а повеќе детали за несреќата ќе бидат познати по завршување на истрагата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »