речник контакт

Трет ден по ред во Велешко повеќе оздравени отколку ново заразени, починат еден пациент од Чашка

Во двете кoвид одделенија од велешка Болница се намалува бројот на згрижени пациенти

Петар Печков

Трет ден по ред   во велешко повеќе оздравени отколку ново заразени случаи со квоид-19. Податоците од Министерството  за здравство покажуваат дека има  39 нови случаи  со ковид-19 и 48  оздравени. Бројот на активни случаи во велешко  падна на  247 лица.

Во велешка Болница починало едно лице, маж на 82 годишна возраст од Чашка , со коморбидитети и со ковид пневмонија. Со ова бројот на починати од последиците на корона вирусот во велешко е 308 лица.

Во трите  ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 33  пациенти двајца помалку од   вчера . Hа Инфективно  се хоспитализирани  15, на  Интерно  петмина  и на Физикално 13 пациенти. Потврдено позитивни се 26, непотврдени  се тројца   и негативни се 11  но со потреба од болничка нега.

„Испишани се тројца   пациенти со  еден негативен тест, ново примен е еден, четворица се трансферирани од Интерно во Физикално одделение. На кислородна поддршка се 14лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »