речник контакт

Трета контрола, во пет дена за брзо возење

Во Велес за четири часа откриени 15 возачи, 21 во Тетово, 20 во Витола, 49 во Скопје

Петар Печков

Средата во попладневните часови, сообраќајната полиција со нова контрола за тоа колку возачите ја почитуваат максимално дозволената брзина за возење низ град.Ова е трета акција за пет дена. Во неделата беа откриени  25 возчи,  во вторникот 19.                           

Во периодот од 14 до 18  часот на 16-ти октомври  на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 38 прекршоци од кои 15 во Велес, шест во Кавадарци и 17 во Неготино - соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

За сите прекршоци биле  изречени соодветни казни. Истовремено вакви акции, сообраќајнаа полиција извела и во неколку дурги градови. При тоа  биле откриени 21 возач во Тетово, 20 во Витола, 49 во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »