речник контакт

Три лица позитивни на ковид-19, се починати во Болница, две се од Велес

Бројот на починати од последиците на ковид-19 во велешко премина преку 200 лица

Петар Печков

Изминатите 24 часа три лица кои биле позитивни на ковид-19 и  на лекување во велешка Болница, починале. Две биле од Велес на  69 годишна возраст и на 76години, додека третото било од Свети Николе на 62 годишна возраст.

Изминатите 24 часа во велешко се регистирани 30 нови случаи, на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се 20. Бројот на активни случаи во велешко е 242 пациенти.

Со овие два нови смртни случаи за 19 месеци во велешко од последиците на корона вирусот починале преку 200 лица, поточно 201.

Вкупно во трите  ковид одделенија  од велешка Болница се хоспитализирани 55 пациетни,  од нив  41 е потврдено позитивен, двајца се сомнителни  и 12 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

Испишани се 3 пациенти како оздравени со по еден негативен тест.  На кислородна поддршка се 27 пациенти. На Инфективно одделение се згрижени  34 на Интерно осум и во  Модуларната болница 13 пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »