речник контакт

Трибина „Превенција и рано откривање на рак“ со цел подигање на свеста кај граѓаните од канцерот

Организатор на трибината е компанијата Ронтис, а ќе се одржи на 3 февруари во салата на велешки театар. Истата е отворена за јавност а на неа ќе говорат четворица доктори од јавното здравство

Петар Печков

Петок на 3 февруари, во Велес ќе се одржи  трибина за здравствените навики кај граѓаните, на тема „Превенција и рано откривање на рак“.

Организатор е компанијата Ронтис а ќе се одржи во салата на велешки театар, со почеток во 18ч.

Истата е јавна и може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани, без разлика на пол и возраст.  Со овој настан се одбележува  Светскиот ден за борба против рак, со цел  да се подигне свеста за ракот и да се поттикне неговата превенција, откривање и лекување.

 „Направивме интерна анкета и добивме фрапантни податоци, па одлучивме една ваква трибина од отворен тип,з а сите граѓани.  До овој заклучок дојдовме по спроведена интерна анкета меѓу вработените, кои не се доволно запознаени што треба да сторат за превенција за сопственото здравје, кои можностите им ги дава здравствениот систем.   Потреба е едукација кои здравствени прегледи можат да се направат, кои им се на располагање,  и да се   спречи или превенира канцерот како болест. За да не дојде во крајна, смртоносна  фаза. Сакаме да допреме до поголем број на граѓани. Ќе говориме за што здравствениот систем нуди, дали ние знаеме. Сакаме да ја покренеме совеста и свеста. Ги прашавме анкетирани дали направиле пап тест, мамографија, еко на дојка. Повеќе од 75 отсто од вработените не биле на мамографија, на еко на дојка не биле 60 отсто.  Или само 10 отсто од вработените  биле на некаков превентивен лекарски преглед, Тоа е разочарувачка бројка“ - кажа Бојана Димовска  менаџер на Ронтис.

 Затоа и ја организираат оваа трибина, за да допрат до поширока популација  Се поклопува со Светскиот ден на борбата против ракот  и е единствен во Македонија кој се организира за овој повод и е поддржан од  манифестацијата.

„Доколку 20 отсто од присутните на трибината во следните месеци заминат на превентивен лекарски преглед, сметам дека сме ја постигнале целта“ - рече Димовска.

Соговорници трибината  се специјалистот кардиолог д-р Весна Николовска Неделкова, д-р Аристотел Тренчев специјалист гинеколог и две лекарки по Општа медицина, д-р Милка Панова и д-р Елена Јаневска. Модератор на настанот е актерот Васил Зафирчев.

Со оваа трибина за прв пат Македонија и Велес се дел од мапата на светски настани на 4 февруари Светскиот ден на борба против ракот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »