речник контакт

Триесетина мигранти од Блискиот исток откриени во воз

Вчеравечер низ Шорка минала група од 50-тина бегалци. Тие повторно се вратија на патот кон ЕУ преку пругата на МЖ

Петар Печков

Вчеравечер на Железничката станица во Велес имаше поголема група на мигранти, кои биле откриени  во патничкиот воз од Гевгелија кој патувал за  Скопје.  Во групата имало и жени и деца.  По подолго време бегалците од Блискиот исток пак се вратија  на патот до земјите на ЕУ по пругата. 

Луѓето беа преплашени, кога ги симнаа од  возот. Не знаеја каде се, што ќе им се случи.   Беа од Блискиот Исток, дали Сиријци, дали Палестинци, ама намачени луѓе.  Беа во  чекалната три часа па ги  однесоа за Скопје. Повеќе месеци ги немаше по пруга, еве сега пак  ги има  - вели вработен во Железничка станица Велес.  

Од СВР Велес го потврдија настанот и прецизира дека станува збор за 32 лица, но не и од која држава. Истите биле откриени во  патничкиот воз од страна на  полицијата, симнати на железничка во Велес во 19,45 а биле преземени од Регионалниот центар за гранични работи Југ и  во 21,30 префрлени во Прифатниот центар во Скопје.  Истата вечер жителите на  месноста Шорка, која е близу Железничката станица Велес, виделе поголема група на бегалци. 

Од 21,30 до 22 часот имаше колона на бегалци. Беа најмалку 50-тина. Во редица еден по еден дојдоа од  правец на градот заминаа за Скопје, по пруга. Имаше и жени и деца - вели жител на Шорка.  Пругата Гевгелија - Куманово беше дел од рутата  на бегалците од  Блискиот исток на нивниот пат кон земјите од  ЕУ, но откако десет лица ги загубија животите  од возовите, мигрантите започнаа да ја избегнуваат оваа релација и се префрлија по автопатот. Првата откриена група мигранти беше токму на железничка во Велес на 31 август лани,  и броеше 150 лица, кои се превезуваа во вагони со јаглен. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »