речник контакт

Тројца велешки доктори меѓу најдобрите сто во земјава за февруари

Владислава Христова, Гордана Стојанова Чајлева и Влатко Вишинов добиваат и награда по 500 евра

Петар Печков

Министерството за здравство ја објави листата на најдобро рангирани ТОП 100 доктори во јавните здравствени установи, согласно критериумите од проектот за плаќање по успешност, со цел валоризирање на работата на оние кои најмногу се залагаат во работењето на јавните здравствените установи.

На оваа листа се најдоа и тројца велешки доктори од јавното здравство, сите вработени во ЈЗУ Општа Болница Велес. Тоа се  интернистот Владислава Христова,  анестезиологот  Гордан Стојанова Чајлева и хирургот  Влатко Вишинов

Овие доктори со покажаните резултати во работењето претставуваат движечка сила во своите институции и се успешни професионалци, кои секојдневно, со својот ангажман, посветено придонесуваат за обезбедување што подобри и поквалитетни здравствени услуги за пациентите и воопшто за унапредување на здравствениот систем во РМ, стои во информацијата на Министерството за здравство.

Сите овие наградени доктори добиваат парична награда од 30.000 денари и истовремено имаат право на вршење дополнителна дејност во матичната институција каде работат, како и во останатите јавни здравствени установи. За потсетување изборот е направен според воспоставени критериуми, како што се остварениот учинок во месец февруари, бројот на извршени интервенции, типот на извршени интервенции, реализирани обуки и слично

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »