речник контакт

Туристичкиот павилјон Стоби пропаѓа

Ни по две години од најавената реконструкција, павилјонот Стоби не работи

Петар Печков

Туристичкиот павилјон  Стоби, лоциран на влезот од истоимениот локалитет цело лето во текот на сезоната беше руиниран и искршен, грда слика за гостите. Иако пред две години беше најавено дека ќе започне санација, ништо од неа . Причина за рушењето е што  објектот почна да попушта и тоне а ѕидовите напукнуваат, па тој е небезбеден за посетителите.

Така  гостите кои го посетуваат археолошкиот локалитет,  нема каде да се одморат по долгата прошетка. Пукнатините на фасадата и утврденото мало потонување на објектот го затворија туристичкиот павилјон на влезот во Стоби. Павилјонот сега е затворен за посетителите. Иако надлежните најавува дека реконструкцијата  ќе почне летото пред две годни, ни по 24 месеци тоа не се случи. Напротив објектот е запустен и руиниран.

Туристичкиот павилјон, изграден   во 2004-тата, беше даден на концесија на неготинчанец, кој тука продаваше сувенири, копии на археолошки предмети пронајдени во македонските локалитети, имаше винарија и ресторан, но тој го напушти и остави на сопственикот,  Републичкиот завод за заштита на спомениците. Познавачите објаснуваат дека темелите на зградата почнале да тонат, па таа  сега се руши и претставува опасност по гостите, по што корисникот си заминал и е неупотреблив.

Сега  посетителите  кои ќе го разгледаат локалитетот Стоби немаат можност каде да здивнат и одморат, и остават девизи и некое евро. Со павилјонот и целиот археолошки локалитет управува Јавната установа „Археолошки локалитет - Стоби“. Павилјонот беше изграден со донација од  Американската агенција за меѓународен развој УСАИД во висина од 7,6 милиони денари, изведувач беше Бабуна градба од Велес а проектант беше  ДСЦ Дизајн од Скопје.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »