речник контакт

Уапсен жител на Горно Оризари кој извршил повеќе кражби во текот на еден ден

Украл автомобил, мобилен телефон, мотоцикл, платежна картичка..

Петар Печков

Неделата попладне уапсено е лице за кое полицијата смета дека е сторител на неколку кражби извршени во текот на еден ден. СВР Велес со детали за полициската акција.

„На 17 септември  во 17.10 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода А.К.(41 год) од Горно Оризари, велешко. Тој се сомничи дека во периодот 16/17.09.2023 од гаража во Велес одзел патничко моторно возило „Цитроен Ц3“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на А.Д.(60 год) од Велес и електричен алат. Покрај ова, пред продавница во Велес тој, лажно претставувајќи се како полициски службеник, од К.П.(50 год) од Велес одзел мобилен телефон и паричник со лични документи, банкарски картички и клучеви од неговиот дом, а потоа влегол во неговиот дом во Велес и извршил пребарување но не одзел ништо, а од пред куќа во Велес одзел мотоцикл „лонгија“ без регистарски ознаки, сопственост на Р.К.(45 год), кој подоцна е пронајден во близина на угостителски објект во Велес. По издадена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници извршиле претрес во домот на А.К., при што била пронајдена банкарска картичка на име К.П. и други предмети кои потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопствениците“ - информира Билјана Ѓаковска портпарол на  СВР Велес .

По целосно документирање на случајот, против осомниченото лице А.К. полицијата  ќе поднесе соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »