речник контакт

Уапсени двајца велешани во чии домови била пронајдена марихуана но и дигитална вага

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

Петар Печков

Велешката полиција информира за апсења на две лица од Велес, поради поседување на марихуана , нои и дигитална  вага. Двата настани не се меѓусебно поврзани а се случиле вчера, понеделник, но во различен временски период.  

„На 13 ноември во 10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Ш.(43 год ) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Истиот ден во 15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода О.Ѓ.(43 год) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари во различни апоени.“ - соопштија од СВР Велес.

Лицето биле приведени во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив  ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »