речник контакт

Убава вест, во Велес оздравеа 60 лица од ковид-19

Денес во велешко 21 случај на новозаразени

Петар Печков

Откако два дена немаше лица кои  беа регистрирано како оздравени, денес Министерството за здравство во Велес регистрираше 60 оздравени пациенти. Нови позитивни случаи има 21 со што бројот на активни случаи е 678. Нема починати поради компликации од корона вирусот. Досега во поширокиот велешки регион има регистрирано вкупно 1.188 заразени лица.

Вкупниот број на хоспитализирани пациенти на Инфективното одделение и одделението за физикална медицина  од Велешката Болница изнесува 64 лица, од кои 8 сомнителни и 56 потврдени позитивни. На кислородна поддршка 20 пациенти. На интерно одделение четворица сомнителни пациенти.

фото Драган Трајков

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »