речник контакт

Убедлив пораз на ФК Борец од ФК Тиквеш во Кавадарци

Пораз и за ФК Локомотива во Градско, реми на гости за ФК Превалец во Трета лига Југ и пораз за ракометарите на ГРК Борец дома

Петар Печков


Пукна петарда во Кавадарци, каде слабиот ФК Борец доживеа убедлив пораз  од екипа која е во зоната да игра бараж за да опстане. Или 9-то пласираниот ФК Тиквеш со 5:0 (2:0) го торпедираше немотивираниот тим на ФК Борец. По ова 29-то коло   велешани остануваат претпоследни 11-то без сериозни шанси за опстанок а во следното коло за седум дена играат дома со ФК Скопје кое исто така се обидува за избегне место кое води во баражот за опстанок и е сосед на табелата на велешани, се наоѓа на 10-тото место.  

Во 23-тото коло од Втората фудбалска лига Исток дома во Градско ФК Локомотива прими седум гола, не даде ниту еден и забележа нов висок пораз, овој пат од кандидатот за првото место, второпласираната екипа на ФК Беласица. И по ова коло ФЛ Локомотива останува на последното место со само 6 бода. Следната сабота гостуваат во Радовиш кај екипата на ФК Детонит која е 8-мо пласирана со  24 бода.

ВО 13-тото коло, последно од првиот дел на Трета фудбалска лига Југ, во прилепско Горно Коњари екипата на ФК Превалец одигра нерешено без голови со домаќинот ФК Горно Коњари 0:0.  По ова коло ФК Превалец остана на 2-то место но со 29 или три бода заостанување зад лидерот ФК Вардар Неготино а шест повеќе до екипата на ФК Росоман. Во следното коло кое се игра в понеделник 25-ти април ФК Превалец е слободен.

Ракометарите на ГРК Борец доживеаја неочекуван пораз на домашен терен и тоа од екипата на РК Текстилец од Штип, кој имаше само две победи наспроти шесте на домаќинот. Велешани загубија во салата Гемиџии со 30: 33 иако првите 30 минути ги добија со 16:14. Пресвртот дојде во првите 10 минути  до второто полувреме кога штипјани поведоа со 2 гола водство кое го сочуваа до крај. за нивна радост.  По ова 12 коло ГКР Борец останува 4-то пласиран со 19 бодови. Во следното коло со кое започнува вториот дел до разигрувањето за опстанок гостуваат во Скопје кај второпласираниот состав на РК Македонија ЃП.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »