речник контакт

Условна затворска казна за смртта на Крстев во бродоградилиштето Бијела

Цане Петровски го признал делото ,,тешки дела против општата сигурност,,

Петар Печков

По три  и пол години  судска разрешница доби смртта на велешанецот  Злате Крстев  (36 год) која се случи во црногорското пристаниште Бијела.  Цане Петровски  од Велес, како извршен директор на ДПТУ П. ДОО Х. Н. доби условна затворска казна.

Тој беше обвинет за кривичното дело ,,тешки дела против општата сигурност,,  кое го призна пред Основниот суд  во Велес, по  што му беше изречена алтернативна  казна затвор од две години  која ќе ја одлежи доколку во следните пет направи ново кривично дело.

Според пресудата  Петровски во својство на одговорно лице на друштвото  не постапил според прописите и техничките правила за заштита при работа и со тоа предизвикал опасност по животот на луѓето, така што, не обезбедил соодветни обуки за безбедност и здравје при работа, опрема за лична заштита при работа на вработените и нивната употреба.

Како последица овие пропусти на 7-ми јули 2013 година околу 14,15 часот, во кругот на бродоградилиштето Бијела во Црна  Гора, при перење на дел  од средишниот товарен простор на товарен брод,  со млазен пиштол дошло до повреда при работа на Крстев, кој што критичниот момент не носел соодветна опрема за заштита при работа со хидрауличниот пиштол и не бил обучен обука за работно место помошник перач туку за работното место фарбар.  И

нцидентот се случил додека го земал хидрауличниот пиштолот од  колега  од Бијела, поради активирање на прекинувачот на рачката која била свртена кон него, силен млаз вода, под притисок од 450 бари удрил во телото на покојниот Златко нанесувајки му тешки повреди  од кои  дошло до смртен исход кај сега покојниот Крстев.

Велешанецот работел на водено пескарење на бродот. Во еден момент со хидрауличниот апарат, кој работел под висок притисок, си ги пресекол крвните садови на долните екстремитети и стомакот  . Поради обилното крварење починал на пат кон болница.  Оштетената фамилија  не побарала штета од обвинетиот, бидејќи истата им била претходно исплатена. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »