речник контакт

Условна казна затвор за напад врз полициски службеник

Еат Амети вработен во општина Чашка му се заканувал на полицаецот со партискиот лидер ако не го пушти по сообраќајката

Петар Печков


  Еaт  Амети  од Горно Јаболчиште доби условна казна затвор   за  спречување на полицаец во службено дејствие.  На 10 ноември минатата година во 18.55 часот на крстосницата кај семафорите, со сила и сериозна закана дека непосредно ќе нападне врз животот или телото, се обидел да го спречи полицаецот  М. Л. во неговата работа. 

Додека  тој вршел увид на сообраќајна незгода во која учествувал познаник на Амети  дошол до него и најпрво му дофрлал дека не е стручен да го изврши увидот, дека тој е партиски моќник и веднаш ќе му се јави на претседателот на партијата, по што оштетениот го опоменал да се оддалечи. Амети  продолжил  со употреба на сила да  го тегне за десната рака полицаецот и му се заканил со зборовите:

„нешто лошо ќе ти се случи, ти си комунистички полицаец, да се пазиш и од сенките, имаш и фамилија, кога ќе ме видиш да бегаш и ќе те сменам ако не го вршиш увидот како што сакам јас“.  Со ова Еат Амети  сторил  кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие   за што му е изречена   казна затвор во траење од  три месеци  доколку  во рок од  една година  не стори ново кривично дело. Амети е вработен во општина Чашка како референт.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »