речник контакт

Успешно спроведена Европската недела за имунизација

Екипите за вакцинација за училишни деца и студенти и на предучилишни деца до 6 години, кои работат во склоп на ЈЗУ Здравен дом од Велес, во текот на изминатата недела успешно ја реализираа вакцинацијата во рамки на традиционалната Европска недела за имунизација.

Петар Печков

Според  д-р Пандели Божиков, раководител на Службата за вакцинација на школски  деца и студенти и прим. Д-р  Петре Крстев,  раководител на Детската превентивна здравствена заштита.

Тие посочија дека во  Школската амбуланта и на теренот во Велес и Велешко изминатата недела биле вакцинирани вкупно 142 деца и млади од 7 до 18 години и 12 деца од предучилишна возраст. Најголем дел од нив примиле вакцина МРП како заштита  од морбили, рубеола и паротит.

Тоа се во главно деца што не посетуваат настава и кои досега не биле опфатени со  редовните вакцинации - вели Д-р Божиков. Најголем дел од ново вакцинираните деца живееле во ромските населби Потокот и Рамина во Велес, како и во велешките села Бузалково, Сливник и Врановци каде има албанско население.

Двете служби и покрај тоа што  заврши Европската недела за имунизација, ги повикуваат родителите на невакцинираните деца и млади до 18 години да дојдат во нивните служби и  ги донесат нивните деца  за да примат вакцина  која е бесплатна и со тоа  го заштитат нивното здравје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »