речник контакт

Учениците и нивните професори од средните училишта даруваа 85 крвни единици

За прв пат крв даруваа 61 лице

Петар Печков

Со вчерашната крводарителска акција, одржана во Гимназијата Кочо Рацин, заврши есенската сесија на дарување крв во средните училишта во градот.

Во трите - Коле Неделковски, Кочо Рацин и Димитрија Чуповски, собрани се 85 крвни единици. Од нив 61  се дарители по прв пат.

Така учениците за прв пат ја даруваа нивната најскапоцена течност и станаа дел од фамилија на хумани луѓе на планетата.

Најмногу крвни единци се реализирани во „Коле Неделковски“ -46, па во Гимназија „Кочо Рацин“ 21 и во Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ -18. Поради малиот број на ученици во четврта година во економското училиште, таму не е реализирана крводарителска акција. 

Акциите беа организирани и реализирани од Општинската организација на Црен крст Велес и од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »