речник контакт

Учениците со посебни потреби ја одбележаа Детската недела на Градскиот стадион

Учениците од ПОУ Маца Овчарова се дружеа и спортуваа со врсниците од ПОУ„Иднина“ и ПОУ„Др Златан Сремец“ од Скопје

Петар Печков

„Ние и спортот“ беше мотото за одбележување на Детската недела. По тој повод  денес на Градскиот Стадион во Велес се реализираа спортско рекреативни игри за учениците со посебни образовни потреби од посебните основни училишта: „Маца Овчарова“-Велес, ПОУ„Иднина“ и ПОУ„Др Златан Сремец“ од Скопје.

Учениците се рекреираа, забавуваа и меѓусебно другаруваа со поддршка на родители, дефектолози и волонтерите од ОУД „Лазар Лазаревски“-Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »