речник контакт

Учениците франкофони од Велес го претставија Тунис

Toj e дел од предвидените активности на Здружението на професори по француски јазик на Македонија

Петар Печков

Во просториите на француското катче во Локалната библиотека,,Гоце Делчев,, се одржа франкофонски настан на кој беше претставена една франкофонска земја. Овој пат се работи за Тунис.

На настанот учениците кои го изучуваат францускиот јазик од средните училишта „Кочо Рацин“, „Димитрија Чуповски“ и „Јовче Тесличков“ од Велес  изработија презентации за Тунис, за неговите знаменитости,култура,кујна,традиции. Прикажаа танци од туниското поднебје и свадбен обичај.

Учениците- франкофони од основното училиште
 „Методи Митевски -Брицо“ од Лозово настапија со народен туниски танц и со поговорки од тој крај, а учениците од основните училишта „Јордан.Хаџи .Константинов Џинот“ , „Благој Кирков“, „Стојан Бурчевски- Буридан“ Иванковци и „Васил Главинов“ Бузалково изработија креативни предмети преку кои го претставија Тунис. 

Овој настан е дел од предвидените активности на Здружението на професори по француски јазик на Македонија.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »