речник контакт

ФК Борец со силовите старт, седум од седум

Борачот на БК Борец Игор Мицевски го освои третото место на Светското првенство за ветерани кое се одржа во Скопје. Победи за футсал екипите, порази за фудбалерките и ракометарите

Петар Печков

Со голот на Роберт Коцев со 67-ма  минута, фудбалерите на ФК Борец 1919 ја забележаа седмата победа во седмото коло од Втората лига Исток.  Тие на Градско во Велес славеа над ФК Вардар од Неготино.  Борец е лидер со 21 бод и гол разлика 156:2, има пет повеќе од второпласираниот ФК Кит -го со кого го игра дербито во сабота во Пехчево. 

Младите фудбалерки на ЖФК Борец и натаму со лоша серија , не само порази туку и со висока гол разлика. Овој пат  на домашен терен загубија со 0:10 од струмичка ЖФК Тиверија. По пет кола се претпоследни оти полоша гол разлика од нив има радовишка ЖФК Плачковица.  Во следното коло на 14 октомври повторно дома, овој пат со ЖФК Тетово 2017. 

Ракометарите на ГРК Борец  забележаа пораз на домашен терен , во салата Гемиџии поразени се од РК Охрид со 26:41 (12:20). Гостите од Охрид во сите 60 минути воделе, доминирале против младинската екипа на домаќинот, која поради финансиски проблеми игра во такво состав. Најефикасен кај домаќинот бил Кристијан  Ристов со 7, со 6 Минов Димитар и 5 за Борис Илиевски.  Така по три кола ГРК Борец е последен а во следното коло гостува во Битола на Пелистер кои има забележано една победа. 

Во Прваа футсал лига две победи за велешките лигаши, на домашен терен во салата Гемиџии. Првакот КМФ Велес со 10:3 го победи КМФ Јувентус Серава, додека КМФ Гемиџии 1903  со 6:4  футсал екипата на КМФ Црна Река.  Во четвртото коло во Богданци КМФ Велес  гостува  на КМФ Проект Цико кој има две победи во Богданци а КМФ Гемиџии игра дома со КМФ Шкендија која забележа три порази. 

Во Скопје изминатиот викенд се одржа Светското првенство за ветерани. Велешанецот Игор Мицевски во категоријата до 130 кг. го освои третото место. Победник бил претставникот на Турција пред претставникот на Монголија. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »