речник контакт

ФК Борец несопирливо се враќа во Втора лига

ФК БОРЕЦ - ФК СТРУГА ТЛ 0:1 (0:1) ФК БЕЛАСИЦА -ФК ЛОКОМОТИВА 6:0

Петар Печков

Нов пораз со кој се поизвесно е дека ФК Борец е се поблиску до Втората лига. Велешките фудбалери загубија во важен натпревар да фатат приклучок во борбата за баражот, и тоа дома на градски „Зоран Паунов“  од екипата на ФК Струга ТЛ со 0:1, која беше осмо пласирана со 264 бода . Иако домаќините имаа  две сто постотни шанси за гол, во првите  минути од второто полувреме, тие не ги искористија и казната следеше во 50та-та кога со прекрасен гол од 16 метри Шабани постигна гол за гостите. Тој беше и единствениот на натпреварот.  По ова 20-то коло од предвидените 33, ФК Борец е 11-ти претпоследен со скромни 13 бода, пет помалку од претходникот ФК Тиквеш. Следното коло, следниот викенд ФГК Борец 1919 гостува во Струмица на третопласираната екипа на табелата,  ФК Академија Пандев.   

Во Втората лига Исток ФК Локомотива која е последна на табелата- 10-та, загуби во Струмица од ФК Беласица со високи 0:6.Домаќините се трети и се борбата ва враќање во Првата лига. Следното коло, в сабота во Градско гостува екипата на  ФК Кит -го од Пехчево која е осма со 19 а ФК Локомтива е последна со само 6 бода.    

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »