речник контакт

ФК Силекс убедлив против ФК Борец

По шест кола велешани последни на табелата. Вчера играа и фудбалерките, тие се поразени во Каменица со 11:0

Петар Печков

стадион на Силекс

Силекс: Божиновски, Благојевиќ, Додев, Дурански (ж), Грозданоски  Д, Грозданоски Х, Коцев (ж), Костовски (ж), Серафимовски  Тимовски (ж), Жеравица играа и Ивановски,  Ѓуриќ, Митревски

Борец:  Георгиевски, Абаз, Блажевски (ж), Ефтимов, Гавриќ, Ѓоргиев (ж), Христов, Лазаревиќ, Пеев, Прелчец, Трајановски (ж)играа и  Коцев, Петров, Ристовски 

стрелци: Серафимовски 19` , Костовски од пенал 42`  Ивановски 80`.

судија Грујоски Кичево

 Фудбалерите на Силекс, дома во Кратово со убедливи 3:0 (2:0) го совладаа велешки Борец во шестото коло од Првата лига, во натпревар во кој беа покажани седум жолти картони. Домаќините поведоа рано, во 19 мин., со голот на Серафимовски, на 2:0 зголеми Костовски од пенал во финишот на првото полувреме, 42 мин. Во 80-тата Ивановски го постигна конечниот резултат од 3:0. По шест кола ФК Борец 1919 падна на последното место со четири бодови а веќе в сабота во дербито на дното го пречекува ФК Работнички до Скопје кој е деветти со шест бодови. Средбата ќе ја пренесува и МТВ и Арена спорт, почетокот е во 15,30ч.

Вчера се одигра и четвртото коло на Првата фудбалска лига за жени. Фудбалерките на ЖФК Борец гостуваа во Македонска Каменица, каде се поразени од домашниот тим на ЖФК Каменица Саса, кој е трето пласиран  со 11:0.  По ова коло младите велешки фудбалерки се 11-ти од 14 екипи со еден бод. Во следното коло, кое се игра на 13 октомври дома ја пречекуваат последно пласираната екипа на ЖФК Плачковица од Радовиш, која засега нема освоено ниту бод. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »