речник контакт

Фестивалот Стоби годинава со четири претстави во натпреварувачкиот дел

Ексклузивитет е гостувањето на театарот од Казахстан, кој е некласичен, преку музика и танц третира друг вид естетика. Започнува на 19 трае до 26 јули

Петар Печков

Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, годинава ќе се одржи  од 19-ти до 26-ти јули а ќе бидат прикажани пет претстави од кои четири се во конкуренцијата за награди. Повеќето претстави се на домашни театри а единственото гостување е на театарот од Казахстан.

Пет години го следиме пулсот на публиката. Секогаш најпримамлив производ е претстава која се базира на музика и танц.   Изборот на претставите е од понудата што ја имаме во регионот. Треба да се има во предвид дека големи претстави не можат да се донесат во Стоби поради  техниката. Сцената е на отворено  и не може да се изведуваат големи претстави. Потоа публиката  го има проблемот со јазичната бариера и затоа мораме да се држиме на претстави од соседството, поранешната држава. Пробавме и со титл  но тешко е на овој простор тоа да се овозможи. Затоа изборот од тоа  што може да се донесе  се овие четири претстави  - рече извршниот директор  на Фестивалот Зоран Љутков.

Фестивалот се отвора в сабота со претставата ,,Војникот фалбаџија,, на  Турскиот театар до Скопје,  на 21-ви  понеделник е претставата ,,Федра,, независна продукција, на 23-ти среда е ,,Многу врева за ништо,, на  Театарот комедија,  петок 25-ти е  ,,Медеа,, на театарот за музика и танц од Казахстан.

Овие претстави се во конгруенција за награда  ,,Антигона,, за најдобра претстава, за машка и женска улога  а ќе ги доделува жирито во состав актерите  Драган Спасов – Дац, Кети Борисовска и  музичарот Венко Серафимов, кој има работено музика за театарски  претстави.  Наградите ќе бидат доделени последната вечер на 26-ти јули на затворањето кога велешкиот театар во е чест на добитниците  ќе ја изведе претставата ,,Кралот Лир,,.

Не секоја година има во регионот претстава на античка тема. Тие што се работат се работат за класична театарска сцена, не трпат амбиентален простор..   Не е работата да се донесе претстава која нема да функционира на отворено  Правиме селекција на претстави кои ќе можат да гостуваат во античкиот театар во Стоби. Можеме како ексклузивитет да го најавиме гостувањето на театарот од Казахстан, кој е некласичен, преку музика  и танц третира друг вид естетика. Доаѓа во Велес и потоа заминува од Македонија – вели Васил Зафирчев уметнички директор на Фестивалот.

Сите претстави се играат во античкиот театар во Стоби. Цената на билетите е 50 денари а од Велес има обезбедено и бесплатен автобуски превоз. Билети ќе  можат да се набават и во соседните градови, Неготино, Кавадарци. 

Поради безбедност ќе се намали бројот на гледачи. Продолжуваат градежните работи на театарот па затоа ја презедовме оваа мерка. Заради безбедноста и сигурноста  на гледачите, ќе има 700 места и билети – изјави Љутков.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »