речник контакт

Финансиска честитка за 8-ми март за социјално ранливите категории жени

Десет жени кориснички на услуги од Центарот за социјални грижи добија за 8-ми март чек од по 3 илјади денари, честитка од локалната власт.

Петар Печков

Наместо подароци за вработените и забава во ресторан за денот на жената 8-ми март, градоначалникот на Велес реши средствата да ги донира за жените корисници на помош од Центарот за социјални грижи. За десет жени тој одвои 30 илјади денари, кои ќе бидат доделени на самохрани мајки, жени жртви на семејно насилство, жени корисници на социјална помош, мајки на деца со посебни потреби.

Се надевам дека ова помош ќе им биде добредојдена, барем дореден период да не ги чувствуваат проблемите со кои се судруваат во нивниот живот. На овој начин сакам да го честитам меѓународниот ден на жената, посакувајќи и успех на личен и професионален план  на сите велешанки и да не биде само еден нивен ден во годината.  – изјави градоначалникот Горан  Петров.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »