речник контакт

Фирмата на снаата на Латас работела и со општина Велес

Опозицијата тврди за три тендери фирмата Електра добила 55 илјади евра, власта потсетува дека таа фирма добила тендери во општината уште во 2007-ма и 2008-ма кога СДСМ била на власт

Петар Печков

СДСМ на прес објави дека фирмата на снаата на Драган Павловиќ Латас работела и со општина Велес. Оваа фирма  така  за нецели три години  стигнала до ланци на фирми, ланци на станови и братско запоседнување на цело брдо со луксузни хациенди.

Ова е најеклататен пример за директна корупција од страна на власта, што упатува на сериозни индиции за сторено кривично дело. Оваа фирма, ЕЛТРА ДООЕЛ Скопје, добивала бизниси за осветлување и надвор од Скопје. Така на пример учеството во само три тендери за одржување на уличното осветлување во Велес и носи околу 55 илјади евра –обвинија од СДСМ.

 Општина Велес  во писмениот демант ги смета за политички маркетинг тврдењата на СДСМ, околу изборот на фирмата ЕЛТРА ДООЕЛ Скопје за улично осветлување. Во интерес на вистината тие ги повикаа надлежните органи да извршат увид во јавните набавки спроведени од Општина Велес.

Постапките на Општина Велес за јавни набавки во континуитет се транспарентни, јавни и законски. Согласно постоечката регулатива, противзаконско е попречувањето на било која фирма што се занимава со одредена дејност да не учествува на јавна набавка. Во овие јавни набавки избран е најповолниот понудувач со најниска цена, по пат на електронска аукција со наддавања, која е извршена на транспарентен начин согласно законите во Република Македонија.Инаку, колку за информација Општина Велес вакви договори со фирмата ЕЛТРА има потпишано уште во 2007 и 2008 година, во време додека СДСМ раководеше со локалната самоуправа, на чело со г-динот Аце Коцевски како градоначалник. Дали и во тој период, онака како што тврди СДСМ, „со пари на граѓаните се купувале уредници и медиумуи”? – стои во писмениот демант на локалната власт. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »