речник контакт

Хабитат ќе го евидентира бројот на згради во Велес

Цел е да се подобри квалитетот на домување во колективните станбени згради

Петар Печков

Хабитат ќе ги пребројува постојните  згради во  Велес, со цел да се подобри квалитетот на домување во колективните станбени згради. Поради ова беше потпишан меморандум помеѓу Хабитат и локалната власт. Од страна на Здружението за хумано домување Хабитат Македонија била изразена иницијатива за соработка со Општина Велес на полето на водењето на Регистарот на станбени згради и Регистарот на управители на станбени згради како и енергетската ефикасност, а исто така и да се формираат совети во подобруваето на квалитетот на домувањето во колективните станбени згради.

 Потпишаниот меморандум е за евиденција на колективните станбени згради.  Цел е да се подобри  квалитетот на домување во колективните станбени згради - изјави Лиле Алчева заменик директор  од Хабитат Македонија. Општина  Велес се обврза да обезбеди анкетари кои  ќе ги посетуваат зградите, во тимови од 2 до 3 во зависност од  големината на зградите. 

 На овој начин ќе обезбедиме информација за староста на зградите,инфраструктурна комуникација, приод, состојба на лифтови,  водоводна и електрична инсталација, квалитет на оџаци, алтернативни излези и влезови во случај на  опасност. ќе добиеме комплетна слика за зградите од повисока катност - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.  

 Така станарите ќе имаат информации за  енергетска ефикасност или стиропорна заштита, смена ако има азбесни плочи на крововите, громобрани ако останале.   Анкетата ќе трае 4 месеци, по што податоците ќе  бидат соопштени на јавноста.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »