речник контакт

Хоророт „Врисок“ шести дел пред велешката кино публика

Нов филм е и детскиот анимиран „Мармадук“ кој на репертоарот е в сабота и недела

Петар Печков

Во периодот пред доделувањето на Оскарите, недела кон понеделник, на велешкото 3Д Киноверзум на репертоарот  нема ниту еден филм кој е во трка за учество на оваа престижна награда.  

И наредните седум дена, два нови филма  на репертоарот на велешкото кино “3Д Киноверзум“.
Хоророт „Врисок“ стигна до шестото продолжение и филмот ќе се прикажува од денес до среда, секој ден освен понеделник. Нов филм е и детскиот анимиран „Мармадук“ кој на репертоароте в сабота и недела.

Американска спортска драма, „Creed III“  филм од 2023 година, во режија и со главна улога на  Мајкл Б. Џордан, според сценарио на Кинан Куглер и Зак Бејлин., продолжение на серијалот Creed и целокупно деветти дел од серијата филмови Роки. ќе се прикажува петок, недела, понеделник и вторник.

„Можеби правам“ е американска романтична комедија од 2023 година, напишан и режиран од Мајкл Џејкобс, со  познати актерски имиња Дајан Китон, Ричард Гир, Сузан Сарандон, Ема Робертс, Лук Брејси и Вилијам Х. Мејси во главните улоги. Мишел и Ален се во врска. Тие решаваат да ги поканат своите родители конечно да се сретнат  пред да стапат во  брак. Излегува дека родителите веќе добро се познаваат. Филмот ќе биде прикажан сабота.

Црната комедија „Мечка на кокаин“ ќе се прикаже недела и среда. Откако  црна мечка ненамерно консумира кокаин, група на луѓе составена од полицајци, криминалци, туристи и тинејџери се собира во шумата каде што е мечката.

Акциониот „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“е на репертоарот четврток,  сабота и недела. Американски филм за суперхерои, базиран на стрипови на Marvel, во кој се појавуваат ликовите Скот Ланг / Ant-Man и Хоуп Пим / Оса.

Викендот, сабота и недела  во пладневната детска програма се два филма „Приказната од скриениот град- бестрашната Дејзи“ и „„Неверојатниот Морис“.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »