речник контакт

Хотелот Вила Зора ниту се работи, ниту се адаптира за студентите од ТТФ

Најавите на ректорот Жоглев дека од есен објектот ќе ги прими 355 студенти на ТТФ од Битолскиот Универзитет засега само празни зборови

Петар Печков

На прагот од наставната студентска година, хотелот Вила Зора извесно е дека тој  нема да ги прими новите студенти на Техничко- технолошкиот Факултет оваа есен. Иако објектот беше предаден на користење на Битолскиот универзитет на 24 февруари годинава и по толку време на него не се преземаа најавените градежни активности за преуредување. Пред седум месеци ректорот на Универзитетот ,,Св, Климетн Охридски,,  најави:

Објектот ќе го пренаменуваме етапно. За почеток ќе уредиме амфитеатар,  предавални и лаборатории. Работите ќе започнат наскоро, за да може од есен студените непречено да студираат. Во сегашната заграда каде тие посетуваа настава, ќе останат двата факултети од нашиот Универзитет, кои имаат дисперзирана настава во Велес. Со тоа ќе го решиме  просторниот проблем   – изјави  тогаш ректорот проф. д-р Жоглев.

Како времето за почеток на студентската учебна година се приближуваше така кај студентите разбирлив беше интересот што се случува, каде тие ќе студираат. Во обидот да се дојде до Жоглев, тој не се јавува и не дава информации кој се проследени до него. Не даваат информации ниту од ТТФ. Одговорот на прашењето што се случува со реновирањето на Вила Зора, беше,,прашај го тој што ти вети дека хотелот ќе се преадаптира,,. Вработените не кријат дека имаат просторни проблеми за одржување на наставата и дека ќе ги има и натаму.

Првичните информации што Жоглев ги пласираше дека Владата одобрила средства за преуредување и дека за оваа есен ќе се опремат амфитеатар, лаборатории и предавални. Но од тоа ништо. Со одлука на Советот на општина Велес, локалната власт му ги префрли на користење неговите 60 отсто од сопственоста на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски,,. Претходно и Министерството за образование  остатокот од 40 отсто од сопственоста на објектот  и  ги даде  управување на оваа висока образовна институција. Таа требаше да биде дом на студентите од ТТФ од Битола.

Ректорот Жоглев остана запаметен и по негирањето  дека ќе нема упис на нивниот Факултет за туризам – дисперзирана настава во Велес од оваа есен, тврдејќи дека тие остануваат. По неколку дена Министерот за образование Кралев го демантираше, уписите на овој Факултет засега ќе мируваат, поради големиот број на студенти кои тој ги продуцираше во регионот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »