речник контакт

Хуманитарна акција на децата од Чашка и Мелница

Се собираа парични средства за девојчето кое падна од кровот на зграда и преживеа

Петар Печков

Учениците од населба Чашка и селото Мелница од ОУ Тодор Јанев, со штанд во Младинскиот парк, со хуманитарна акција со цел да се помогне на Надица Трајковска.  Нејзе и се потребни пари за операција на видот, откако падна од 20-тина метри висока зграда, преживеа но го изгуби видот.

Одлучивме  со оваа хумантирана акција, да собереме пари и да и помогнеме на Надица, таа пвторно таа да прогледа и да расте како сите деца на светот. Водено сакаме да ја развиеме и хуманоста кај соучениците - изјави Медина Исмаиловска од Мелница.

Учениците од Чашка и Мелница, ликовната секција и еко -клубот учествуваа во создавањето на бројните предмети кои се нудеа на продажба на велешани. Честитки за 8-ми март, цвеќе, плетени изработки беа дел од производите кои се продаваа  а велешани во голем број  ги купуваа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »