речник контакт

Цел месец март во Велес се собира габаритен отпад

ЈКП Дервен бесплатно ќе ја спроведат акцијата а граѓаните можат телефонски да се обратат за да се земе отпадот

Петар Печков

Од 1-ви до 31-ви Март  годинва се организира пролетна акција за собирање на габаритен отпад..Доколку граѓаните  имаат потреба за отстранување на  ваков вид  отпад од своите домови да се пријават  во ЈКП Дервен.

Во габаритен отпад спаѓаат: делови од мебел, душеци, дрвена амбалажа, столарија, пластични сандаци, гајби, алатки, стари велосипеди, пружини, радијатори и санитарни елементи.. Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна - велат од ЈКП Дервен.

Пријавувањето е  на тел: (043)233-768 во РЕ Комунална хигиена, секој работен ден од понеделник до петок од 07.до 14 часот, и во сабота од 7 до 12. часот. Годинава е четврта како се спроведува оваа акција. Изминатите три просечно се  собирале по  50 м3 во текот на еден месец. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »