речник контакт

Честит роденден 20 години АРМ

Како првиот началник на АРМ Митре Арсовски ја гледа македонската војска тогаш и сега, 20 години подоцна

Петар Печков

Прво да го честитам празникот на АРМ, дваесет години е долг  период. Сега можеме да цениме како беше тогаш, како е сега. Меѓународната состојба се менува од ден за ден, па така таа е многу променета за 20 години. Македонија е на пат кон ЕУ и НАТО а тие имаат свои стандарди . Македонската војска пред 20 години ја градевме според тогашните  политичко -воени состојби пред се на Балканот, потоа спрема можноста на  Република Македонија и според безбедносните потреби на земјата. Таква каква ја изградивме, армијата беше потребна во тоа време, кога Милошевиќ и Мицотакс  Македонија ја делеа на карта,  Бугарија не признава по има не по народ, Грција во тоа време ѕвечкаше со оружје, за дел од србите бевме Вардарска Бановина. Сега АРМ е избалансирана како што бараат стандардите на НАТО алијансата  и таа сега се гради според нивните потреби. Не е можно затоа да сед споредува една Армија од  пред 20 години и денес, заедничко е што таа е војска на Република Македонија.  Да се гради тогаш војска беше Сизифова работа, тешко и макотрпно.  Имавме само пет генерали кои требаше да ја градат војската. Ние направивме база, од која сега можете да кратите, додавате, одземате – рече  пензионираниот генерал Митре Арсовски првиот началник на Генералштабот на АРМ, во изјава за ТРМР. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »